ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Оваа политика е донесена во согласност со законските и подзаконските одредби како и интерните акти во врска со заштитата на личните податоци кои ги обработува Друштвото во рамките на секојдневното работење со цел транспарентно известување на клиентите и соработниците на Друштвото кога станува збор за користење на веб страницата на ВИНЕР.
Оваа политика има за цел да го уреди управувањето со текстуални датотеки што веб страницата на ВИНЕР ги поставува на компјутерот или мобилниот уред заради чување на информации за посетата на клиентот на страната.
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер.
Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
- Колачињата „за време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
- „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:
- Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и
- Колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР–Виена Иншуренс Груп Скопје (во натамошниот текст: ВИНЕР) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.
Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.
Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.
Дали можeте да ги избришете колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.
Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
Дали можете да го поставите пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:
За да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.
При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.
Како ги користиме колачињата?
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница. Деталите се наведени подолу
Колачиња што ги поставуваме
Неопходни | Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно. |
Преференцијални | Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате. |
Статистички | Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците. |
Маркетинг | Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни. |
- Повеќето колачиња што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на ВИНЕР се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на ВИНЕР користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што се Google и Facebook кои ги поставуваат колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од ВИНЕР. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не ВИНЕР, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.
- Најчестиот вид колачиња што се користи на веб страницата на ВИНЕР се поставени од Google Analytics, кои ни обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.
Колачиња кои се користат од страна на ВИНЕР
Неопходни колачиња поставени од ВИНЕР
Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
cookielawinfo-checkbox-advertisement | winner.mk | Се користи за да одреди дали корисникот ја прифатил категоријата маркетинг на банерот за колачиња. Ова колаче е неопходно за усогласеност на веб-страницата со GDPR/ЗЗЛП. | 1 година |
cookielawinfo-checkbox-analytics | winner.mk | Се користи за да одреди дали корисникот ја прифатил категорија статистика на банерот за колачиња. Ова колаче е неопходно за усогласеност на веб-страницата со GDPR/ЗЗЛП. | 1 година |
cookielawinfo-checkbox-functional | winner.mk | Се користи за да одреди дали корисникот го прифатил полето за согласност за колачиња. | 1 година |
cookielawinfo-checkbox-necessary | winner.mk | Се користи за да одреди дали корисникот го прифатил полето за согласност за колачиња. | 1 година |
cookielawinfo-checkbox- performance | winner.mk | Го зачувува статусот на согласноста за колачињата на корисникот за тековниот домен | 1 година |
Статистички колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
_ga | winner.mk | Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. | 2 години |
_gat | winner.mk | Го користи Google Analytics за следење на стапката на барања | 1 ден |
_gid | winner.mk | Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. | 1 ден |
Маркетинг колачиња поставени од трети страни
Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
ads/ga-audiences | google.com | Користено од Google Ad Words за повторно привлекување на посетителите кои веројатно ќе станат клиенти судејќи по онлајн однесувањето на посетителот на веб страниците. | За време на сесијата |
common/cavalry_endpoint.php | facebook.com | Собира податоци за однесувањето на посетителите од повеќе веб страници, со цел да се прикажат порелевантни реклами- Ова исто така ѝ овозможува на веб страницата да го ограничи бројот на прикажувања на иста реклама. | За време на сесијата |
i/jot | twitter.com | Поставува уникатен ID за посетителот, кој им овозможува на трети лица огласувачи да го таргетираат посетителот со релевантна реклама. Оваа услуга за упарување ја обезбедува трета страна огласувачи, што го олеснува наддавањето во реално време за огласувачите. | За време на сесијата |
NID | google.com | Регистрира единствен ID што го идентификува уредот на корисникот што се враќа. Идентификацијата се користи за насочени реклами. | 6 месеци |
Некатегоризирани колачиња поставени од ВИНЕР
Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
cookielawinfo-checkbox-others | winner.mk | Ја зачувува состојбата на согласноста за колачињата на корисникот за тековниот домен | 1 година |
Ако имате какви било прашања или проблеми, Ве молиме контактирајте нè на следната електронска адреса: winner@winner.mk